Monday, January 12, 2009

Бројот на сајтови зголемен за 30 милиони во 2008

Бројот на веб сајтовите во минатата година е зголемен за 17%, односно за 30 милиони во однос на 2007 година, објави британската истражувачка компанија Netcraft.

Според податоците на Netcraft, вкупниот број на сајтови на интернет достигна цифра од 186,7 милиони. Меѓутоа, растот бил помал од 2007 година, кога изнесувал 40% во однос на 2006 година, кога беше лансиран и 100-милионитиот веб сајт.

Виталноста на интернетот низ светот привлече 49,8 милијарди долари рекламни вложувања во 2008 година, објави меѓународната мрежа Zenith Optimedia, која се занимава со огласување.

Zenith Optimedia предвидува и раст на трошоците на веб огласувачите во 2009 година за 19%. Овие огласувачи, според Zenith Optimedia би можеле да учествуваат со 15,6% во светскиот рекламен пазар до 2011 година.

No comments:

Post a Comment