Olympus го претстави најновиот модел во ултразум класата на фотоапрати опремен со објектив кој покрива распон од широки 26мм, па се до брутален телефото до 675мм, што е оптички зум од дури 26X.
Најновиот модел SP-590UZ со сензор од 12MP со стабилизатор на сликата, има брзина од 10 слики во секунда и може да привлече тотални почетници но и напредни аматери.
Да тргнеме од најимпресивниот дел на овој Оlympus, објективот. Екстремниот распон дава голема флексибилност од снимање на широки кадри на роденденски забави во тесни простории, до “лoв” на птици или дивеч од скриеноста на некоја грмушка. За користење на теле крајот на објективот ќе ви биде потребно повеќе светло затоа што и покрај вградениот стабилизатор на сликата, да се одржува мирна рака без статив на 676мм, скоро е невозможно.
Додека блендата од 2.8 на широк агол е задоволителна, скромните F5.0 на теле крајот ќе ве задоволат само во сончеви денови.
Ако ја изземеме оптиката, останатите карактеристики на Olympus SP-590UZ се стандардни за класата на која припаѓа и не претставуваат посебна револуција. Како занимлив детаљ може да се издвои можноста за примање на два вида на мемориски картици (xd и sd), препознавање на лица кај сликањето на протрети, можноста за снимање во RAW формат, и HDMI излез за директно поврзување на апаратот на компактабилен телевизор.
Што се однесува до брзината од 10 слики во секунда, на тој податок треба да се гледа со резерва бидејќи за остварување на таа брзина, резулуцијата на фотографирањето мора да се намали на скромни 3MP. За конкретно критизирање на недостатоците ќе треба да се причека додека да излезат првите фотки, но и во овој момент како неодстаток можеме да го истакнеме недостатокот на “hot shoe” приклучокот за екстерен блиц, бидејќи оние вградените никогаш не се доволно силни.
No comments:
Post a Comment