Monday, January 12, 2009

Забрана за големите плазма телевизори

Поради преголемата потрошувачка на енергија во Велика Британија, наскоро ќе биде забранета продажбата на големите плазма телевизори, како придонес во борбата против климатските промени.

Чудно што еден ваков потег на британската влада е различен од досегашната пракса на одобрување и поттикнување на производството и продажбата на ваквите апарати поради големата сума на данок кој оди во државната каса.

Идните одредби се продолжение на она што професорот Пол Екинс од британскиот енергетски истражувачки центар веќе го предложи - посебен данок за плазма телевизорите, бидејќи трошат далеку повеќе енергија од стандардните ТВ приемници. Според него домаќинствата можат значително да ја смалат потрошувачката на енергија доколку имаат бројачи на апаратите во домаќинството со што свесно луѓето повеќе ќе внимаваат, дури (на пример) и при приготвување на чај.

За да се постигне ова ниво на подигање на свеста кај поединецот веројатно ќе помине многу долго време, но значајно е што Велика Британија започнува со вакви мерки многу пред ЕУ.

Доволно е да се забележи дека во минатите 30 години на островот просечниот број на апарати во домаќинството порасна од 17 на 47, а рапиден раст забележува и бројот на телевизорите и во просек изнесува по еден за секој жител.

No comments:

Post a Comment