Се оствари и она што беше најавувано - OLED екрани кои се виткаат и се носат околу раката се претставени пред широката јавност.
Како што подолго време најавуваше, компанијата Universal Display ја претстави својата нова технологија - станува збор за екран од 4 инчи кој се носи околу зглобот на раката, како часовник, а наменет е за воена употреба. И за Џејмс Бонд.
Universal Display веќе подолго време соработува со американското Министерство за одбрана, а судејќи по последниот изум, човек може само да се уплаши од помислата што се досега дизајнирале за потребите на највлијателната армија во светот денеска.
Со овој OLED свитлив монитор, UD сака да се доближи до пошироката јавност и најавува како овој рачен екран може да има повеќе можности за користење, еден ден можеби достапни и за нас.
Самите креатори на екранот веруваат дека ова би можело да биде наредниот комуникациски уред за широка употреба, а меѓу другото содржи 3G технологија, HSDPA, екранот има сензори за допир (за разлика од конкурентите) како и камера за снимање на слики и видеа.
No comments:
Post a Comment