Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски денеска во катлановско Блаце ќе положи цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа во која лани загинаа 11 припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ при враќањето од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, на одбележувањето на годишнината од несреќата кај катлановско Блаце ќе присуствуваат и семејствата на загинатите припадници на АРМ, а цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Владата, од Здружената опреативна команда и Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, како и од општина Петровец на чија територија се наоѓа местото на несреќата.
Делегација на Министерството за одбрана предовдена од заменик-министерот Емил Димитриев денеска ќе положи цвеќе и на спомен обележјето подигнато во чест на загинатите мировници пред Командата на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Годишнината од смртта на 11-те припадници на АРМ утре ќе биде одбележана и пред нивниот сопменик во кампот Бутмир во Сараево од каде тргнаа на нивниот последен лет. Таму ќе се одржи комеморативна седница на која ќе присуствуваат припадниците на АРМ кои моментално се распоредени во мисијата АЛТЕА.
No comments:
Post a Comment